Беласица во дерби натпревар со Борец за првото место

Беласица на „Младост“ ќе го пречека второпласираниот Борец во натпревар од 16. коло од Втората македонска фудбалска лига – Исток.

Овој натпревар ќе биде дерби на колото и натпревар кој е важен и за двете екипи, во борбата за првото место на табелата. Беласица е прва со 33 бода, додека Борец како втора екипа има 29 бода.

Belasica - Sasa - 24.01.2018 - kontrolen natprevar

Во случај на победа на Беласица, тогаш бодовната разлика над Борец, струмичани ќе ја зголемат на 7 бода, во случај на пораз, Борец ќе намали на еден бод во однос на првопласираната Беласица.

Во игра останува и штипска Брегалница, која во сабота на градскиот стадион игра против Плачковица, и во случај на победа, а пораз на Борец, тогаш штипјани ќе избијат на втората позиција со два бода повеќе од Борец.

Првиот натпревар кој се одигра во Велес, помеѓу овие две екипи заврши без победник (0:0).

Натпреварот се игра со почеток од 14:00 часот.

Comments are closed.

POP