Започнува Меѓународниот фудбалски турнир „Пандев Куп“ во Струмица

Од денес до 10 март градот Струмица ќе биде домаќин на првото издание на Pandev-Kup-e1520330020189, во организација на ФК „Академија Пандев“.

На турнирот публиката ќе има можност да ужива во мајсториите на 64 клубови меѓу кои се Академија Пандев, Шкендија, Победа, Национал , Вук Парачин, Форца, Ќустендил, Дит Софија, Реал Ниш, Осијек, Престиж Врање, Шкупи и други клубови кои доаѓаат од Македонија, Бугарија, Србија и Хрватска.

Натпреварите ќе се игра по системот „секој против секого“, а понатаму во плеј-оф продолжуваат првопласираните две екипи од секоја група, додека третата и четвртата екипа ќе играат во плеј-оф Б.

Свеченото отворање е предвидено да се одржи на 7 март во 19 часот на Плоштадот „Гоце Делчев“.

Истиот е во Главен организатор на Купот е ФК Академија Пандев – фудбалска академија Пандев со поддршка на ФФМ и АМС на Република Македонија.

Пандев Куп 2018 е предвидено во иднина да прерасне во фудбалска традиција на градот Струмица.

Comments are closed.