В недела литија во Струмица со иконата на Богородица Скоропослушница

Во спомен на пристигнувањето на копијата од чудотворната икона „Скоропослушница“, која пред една година, на 12 март беше донесена на дар во храмот на „Светите 15 Тивериополски свештеномаченици“ во Стурмица, од страна на монасите од Светогорскиот манастир Дохијар, в саботата на 10 март во храмот ќе биде отслужено бдение со почеток од 20:30 часот, соопштија од Манастирот Свети Јован Бигорски.bogorodica-skoroposlusnica

– Следниот ден празничната Архиерејска Литургија е предвидено да започне во 07:30 часот, по што следи свечена литија со чудотворната икона, која ќе започне во 10:00 часот од храмот и ќе се движи низ улицата „5 Ноември“, потоа преку улиците „Крушевска република“ и „Балканска“ до кружниот тек, и ќе продолжи по булеварот „Маршал Тито“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“. На плоштадот е предвидено молитвословие-доксологија, проследени со кратки поздравни слова, по што литијата по истиот пат ќе се врати во храмот, информираат од Манастирот Бигорски.

На крајот од соопштението се покануваат верниците да дојдат во градот на славните Тивериополски маченици и да го споделат ова духовно ликување заради благодатното присуство на Богомајката, која преку својата чудотворна икона „Скоропослушница“ ја посети Струмица и изобилно го излеа својот благослов врз оваа земја.

Comments are closed.

Capture