Беласица ја декласираше Победа Валандово со убедлива победа

Фудбалерите на Беласица со убедлива го започнаа пролеттниот дел од Втората македонска фудбалска лига – Исток, откако на гостувањето во Валандово, со резултат од 1:8 ја декласираа екипата на Победа.

Стрелци на погодоци за струмичани беа, Крсте Тодоров и Марјан Ташев со по еден погодок, Мартин Мирчевски, Горан Здравков и Миле Костовски Манго со по два погодоци.

ФОТО: ФК Беласица

ФОТО: ФК Беласица

Беласица останува лидер на табелата со вкупно 33 освоени бодови, и има бодовна предност пред Борец од 4 бода, додека Победа од Валандово се наоѓа на осмото место на табелата со 10 бодови, и пет бода негатива во однос на Саса која сема на табелата.

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе го одигра клучното дерби, токму против екипата на Борец од Велес. Со победа на Беласица, бодовната разлика ќе се зголеми на седум бода, а шансите за директен влез во Првата лига ќе биде зголемите.

Победа Валандово гостува кај Осогово.

 

Comments are closed.

POP