Академија Кукла декласирана од Младост Удово

Екипата на Академија Кукла со убедлив пораз го стартуваше пролеттниот дел од Третата лига – Југоисток, со резултат од 5:3 на гостински терен.

Младост од Удово ја покажа својата доминација на овој натпревар, а тоа се потврди со крајниот резултат и 5-те постигнати погодоци за нивната екипа.

FK Akademija Kukla

Екипата од Удово е пласирана на 8-мото место со вкупно 11 бодови, со што опстанокот им е обезбеден, со оглед на тоа што Партизан Баш не може да се наметне до крајот на сезоната и да ја загрози позицијата на Младост.

Академија Кукла останува на петтото место со 16 бодови, но нивната позиција е загрозена, бидејќи бодовната разлика помеѓу екипите од 8-мото до 5-тото место е мала.

Во следното коло Академија Кукла е домаќин на лидерот на табелата Детонит Јуниор, додека Младост Удово гостува кај Спартмани.

Comments are closed.

POP