Се одржаа општински натпревари по биологија и природни науки

Во организација на Македонското биолошко друштво, во основното општинско училиште „Сандо Масев“ се одржаа општински натпревари по биологија и по природни науки за основните училишта во општина Струмица. На натпреварот по биологија учествуваа 69 ученици од седмо до деветто одделение, а на натпреварот по природни науки 70 ученици од четврто до шесто одделение. Резултатите од натпреварите дополнително ќе бидат објавени. Инаку, во основното општинско училиште „Сандо Масев“, неодамна се одржа и општинскиот натпреваро по хемија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичари и технолози на македонија, а на кој учествуваа 37 ученици од основните општински училишта. На овој натпревар најдобри резултати постигнаа учениците од ООУ „Сандо Масев“ освојувајќи три први награди меѓу натпреварувачите од осмо одделение и четири први награди меѓу натпреварувачите од деветтите одделенија. По една прва награда во двете категории освоија и ученици од ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица.28424804_1567812889938802_2414570692047631488_o 28514359_1567812859938805_1320669664647906230_o 28826936_1567812919938799_1089813356373823400_o

Comments are closed.

Capture