Академија Пандев со реми против Ренова

Екипата на Академија Пандев одигра нерешно, 1:1 во натпревар против Ренова, во рамките на 22. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Домаќините во водство дојдоа откако Балдовалиев успешно го реализираше пеналот кој беше досуден во 24. минута од натпреварот. Пред крајот на првото полувреме, во 45. минута гостите израмнија на 1:1.

Архива

Архива

Во вториот дел од натпреварот мрежи мируваа на двете страни, а резултатот од полувремето остана до крајот.

Академија Пандев останува на шесттото место на табелата со 27 бодови, и има еден бод помалку од петтопласираниот Шкупи и четвртопласираниот Работнички. Ренова со оваа реми е седма на табелата со 22 освоени бодови.

Во следното коло Академија Пандев ќе гостува кај Победа, додека Ренова е домаќин на Пелистер.

Comments are closed.