Академија Пандев против Ренова

Екипата на Академија Пандев со тежок натпревар против Ренова.

Овој натпревар ќе биде доста тежок за екипата на Академија Пандев, иако игра на домашен терен. Победата и за двете екипи е доста важна, трите бода се посакувани за двете екипи.

ak-pandev1

Екипата на Ренова за Академија Пандев е незгоден противник. Во нивните меѓусебни односи Академија Пандев минимално на домашен терен со 1:0 го победи составот на Ренова, додека Ренова потоа на домашен терен возврати со 3:1.

Академијата е пласирана на шесттата позиција со 26 бодови, додека Ренова е место подолу со 21 бод, исто колку што има и Победа која е на осмата позиција.

За Ренова е значајна оваа победа бидејќи во случај на пораз, истата екипа може да се „пресели“ на деветтата позиција која води кон Втора лига.

За Пандевци победата исто така е значајна, бидејќи со новите три бода може да се искачи до четвртото место на табелата и да остане во игра за место кое што води кон излез во Европа.

Comments are closed.