Босанец уценувал струмичанка со интимни фотографии

Полициската станица од општа надлежност Струмица поднесе кривична пријава против М.В. (27), државјанин на Босна и Хецеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело уцена.

policijaДваесет и седумгодишниот М.В. во текот на декември 2017 година, преку профил на социјалната мрежа Фејсбук , побарал од лице од Струмица да му испрати фотографии со интимна содржина.

Откако оштетената му пратила фотографии, пријавениот од мобилен телефон и испратил пораки во кои барал да уплати 2.000 евра на негова сметка, а во спротивно и се заканил дека фотографиите ќе ги објави на социјалните мрежи.

Comments are closed.