Кривична пријава за екс градоначалникот на Ново Село

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Б.В (54) од Ново Село, А.Б (54) од с.Мокрино и правно лице од с.Мокрино, Општина Ново Село, поради постоење на  основано сомневање дека првопријавениот сторил  кривичното  дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“  по чл.353  ст.5 од КЗ,  второпријавениот сторил кривично дело   „Соизвршителство“ по чл.22 вв чл.353 ст. 4  од КЗ, а третопријавеното правно лице сторило кривично дело по чл. 28-а ст.1 и кривично дело по чл.22 вв чл.353 ст. 4 од КЗ на РМ- пишува во соопштението доставено од СВР Струмица.полиција

Согласно донесена Одлука за отстапување на нафтени деривати од задолжени резерви на нафта и нафтени деривати на Министерството за животна средина и просторно планирање,  за чистење на речни корита за 2015 година, за општина Ново Село биле доделени 6.000 литри нафта.  Од доделените 6.000 литри нафта на ден 28.07.2015 година во  посебно направени буриња за складирање на нафта сместени во подрумски простории на административната зграда во општина Ново Село биле примени 3.000литри нафта, при што првопријавениот кој извршувал функција Градоначалник на општина Ново Село,  злоупотребувајки ја службената положба и спротивно на Законот за спречување на судир на интереси, во содејство со второпријавениот, управител и сопственик на третопријавеното правно лице без да биде спроведена јавна набавка за работа за чистење на речно корито „Порој канал“ во должина од 500 метри, во с.Колешино, за која набавка било потребно да се употреби доделената нафта,  на вработен во општина Ново Село,  му наредил останатите 3.000 литри да бидат источени во цистерна,  во сопственост на третопријавеното правно лице од с.Мокрино Ново Село, лоцирани во магацин во Струмица,  кое правно лице подоцна ја добил јавната набавка за работата, за кое нешто од страна на правното лице била изготвена и издадена приемница на количина од 3.000 литри нафта и истата била доставена како доказ за евиденциите во општина Ново Село  дека нафтата е примена.

                        Откако биле источени доделените 6.000 литри нафта за потребите на општина Ново Село, првопријавениот, како Градоначалник иако била должен,   ниту водел евиденција за искористените количини на нафта, ниту пак изготвил документција со што постои основано сомневање дека првопријавениот во содејство со второ и третопријавениот,  се стекнал со противправна имотна корист на штета на општина Ново Село,  во висина од 300.000,оо денари,  истовремено во делот на предистражната постапка од страна на полициски службеници констатирано е дека се работи за фиктивна документација. - пишува во соопштението доставено од СВР Струмица.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица  изготвена е кривична пријава и доставена  во ОЈО-Струмица

Comments are closed.