Учениците од СОУ „Јане Сандански“ најдобри на натпреварот „Перспективите на Коридор 8“ во Бугарија

Од 22 до 25 февруари во Софија, Република Бугарија, се одржа натпревар на тема „Перспективите на Коридор 8“. На натпреварот земаа учество осум тимови од СОУ „Јане Сандански“- Струмица. Сите ученици покажаа исклучителни познавања од темата и понудија готови проекти и идеи за развој на туризмот, економијата, сообраќајот и добрососедските односи помеѓу земјите низ кои минува трасата на оваа важна трансверзала, а тоа се Италија, Албанија, Македонија и Бугарија. 28277301_1562457043807720_4076306799089640355_nПрвото место го освои тимот составен од учениците Анета Манева, Теодора Дузлевска и Костаќе Ќосев (ментори Јованка Михаиловиќ и Билјана Костадинова), второто место им припадна на Коста Михајлов, Оља Караристова, Сања Петрова и Христина Палазова (ментори Јованка Михаиловиќ и Даница Палазова), а третото на Ирена Илиева, Слободанка Караманова, Ева Ставрева и Ева Ангелова (ментори Стаменка Џорлева и Македонка Манушева), сите од СОУ „Јане Сандански“. Поради извонредниот квалитет на проектите, беше доделена и една дополнителна награда на тимот составен од учениците Викторија Трајанова, Христијан Ѓоргиев, Анастасија Драгомирова и Сара Василева (ментори Стаменка Џорлева и Македонка Манушева). Учениците беа наградени со дипломи, книги и парични награди. 28280137_1562457047141053_597087981721341273_n
Општина Струмица им го честита постигнатиот успех на учениците и нивните ментори и согласно Стратегијата за образование секогаш ќе го поддржува и поттикнува креативното изразување на сите ученици во Општината обезбедувајќи предуслови за учество во проекти од домашен и меѓународен карактер.28515019_1562457193807705_3686666846360874920_o

Comments are closed.

Capture