Со средства од општинскиот буџет ќе се субвенционира дел од надоместокот за приклучок на гасоводниот систем

Со средства од буџетот на општина Струмица ќе се субвенционира дел од надоместокот за стандарден приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем на Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица – гас“. Зелено светло на оваа одлука дадоа членовите на Советот на општина Струмица на вчерашната седма седница. Делот што ќе биде субвенциониран е во износ од 100 евра по приклучок за педесет домаќинства. Субвенционирањето ќе се изврши преку јавното претпријатие „Струмица – гас“, а средствата се обезбедени од буџетот на Општината за 2018 година преку Програмата JL – други комунални услуги.
saОпштина Струмица и во минатите години вршеше вакво субвенионирање со цел да им помогне на граѓаните кои сакаат да се приклучат на дистрибутивниот гасоводен систем и да ги уживаат благодетите на природниот гас. Инаку, надоместокот за приклучок на системот изнесува 600 евра.

Comments are closed.

Capture