Прооден е патниот правец до Раборци, Попчево и Рич

Исчистен е снегот и патниот правец до Раборци, Попчево и Рич е прооден, а со тоа и учениците од шесто до деветто одделение од овие населени места непречено ја следат наставата во основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица. Иако сите патишта во општина Струмица се проодни, службите се на терен, ја контролираат состојбата и интервенираат каде што има потреба. Екипите на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и денеска работат на улиците во градот, односно, на целосно расчистување на снегот од коловозите, тротоарите и јавните површини, а на улиците во горниот дел од градот каде што не можат да влезат машините за чистење на снегот, рачно се фрла сол. Досега на улиците во градот фрлени се 9,5 тони сол и 3,5 тони ризла.28337093_1561241160595975_68320909216592034_o 28514461_1561241170595974_3946359546853125708_o

Comments are closed.

POP