ФОТО: Во Струмица одбележани 14 години од смртта на Борис Трајковски

Иако јавноста на различни начини ја коментираше неговата работа, факт е дека Борис Трајковски работеше со чесни намери да и помогне на Република Македонија и на нејзините граѓани. Тоа тој го правеше со нагласена енергија, верба во успех и со многу, многу љубов. Остана верен на својот препознатлив стил со кој манифестираше ведрина, топлина, срдечност и беспрекорна ширина во своите погледи и ставови. Без разлика дали се среќаваше со високи државници ширум светските меридијани или со обичните граѓани низ македонските градови и села, Борис Трајковски остануваше секогаш Борис Трајковски. Стоеше исправено и пред најголемите искушенија со кој се соочуваше Република Македонија. Божјиот човек, трпеливо и добродушно се справуваше со сите бариери кои се наоѓаа пред него. И тогаш кога низ светот требаше да се најдат вистински пријатели за евро-атлантското интегрирање на Македонија, и тогаш кога воениот конфликт и се закануваше на земјата дека ќе ја фрли во амбис. Секогаш, ама баш секогаш наоѓаше сили да биде голем пред големите предизвици. Им простуваше на сите што го напаѓаа, ги ползуваше сите можни придобивки од позитивната дипломатија, но се чини беше најголем како творец на Рамковниот договор со кој му стави крај на меѓуетничкиот конфликт. Претседателот Борис Трајковски сонуваше со отворени очи за поуспешна, посреќна, попросперитетна и посилна Македонија, како дел од ЕУ и НАТО. За жал тие негови соништа беа прекинати на денешен ден пред 14 години. Почитувани сограѓани, наша должност е за нас и за него, но и за идните генерации граѓани на Македонија, да продолжиме да го сонуваме убавиот сон и да се трудиме заеднички тој да стане наше јаве. Каде и да е Борис Трајковски силно ќе се израдува на тој успех.28168398_1560397534013671_761738693546239917_n 28168804_1560397737346984_2431871332472074940_n 28276650_1560397740680317_3597170936262510947_n 28377747_1560397540680337_3610192600421717146_n 28378836_1560397794013645_6397411762284198602_n 28378966_1560397720680319_5791317884495756729_n 28379167_1560397544013670_3425012999445675366_n

Comments are closed.