Советот на Општина Струмица ќе заседава во вторник

Советот на општина на ден 27.02.2018 година (вторник) со почеток во 11 часот ќе ја одржи седмата седница со следниот дневен ред:совет

1. Предлог – План за запишување на ученици во I година во Средните општински училишта во општина Струмица во учебната 2018 / 2019 година;
2. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2018 година;
3. Предлог – Одлука за давање на согласност за издавање под закуп на објекти во сопственост на општина Струмица;
4. Предлог – Одлука за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2018 година;
5. Предлог – Одлука за делумно ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежното земјиште за објекти со природни зелени кровови;
6. Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош за новороденче на подрачјето на Општина Струмица во 2018 година;
7. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Ива Костевска од Струмица
8. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Ѓорѓи Брдаров;
9. Одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЛУБ „Благој Јанков – Мучето“ – Струмица;
10. Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ – Струмица;
11. Анекс на Годишната програма за работа на СОУ „Јане Сандански“ во учебната 2017/2018 година;
12. Барање на согласност за Измена и дополнување на годишниот план за вработување за 2018 година на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ ;
13. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за нови вработувања во ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица за 2018 година;
14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7960 КО Струмица;
15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7746, 7745, 7732/1 КО Струмица; и
16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 980 КО Попчево.

Comments are closed.

POP