Општина Струмица ги чисти од снегот патните правци кон Раборци, Рич и Попчево

Општина Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ интензивно работат на чистење на снегот во градот и населените места ангажирајќи и дополнителна механизација од локалните градежни фирми. Веќе е прооден патот до населеното место Раборци, а продолжува пробивањето кон Рич и Попчево.
Поради непроодниот пат, во утрински часови на настава од шесто до деветто одделение во основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица не дојдоа 31 ученик и тоа 23 од Рич, 6 од Попчево и 2 од Раборци.28279553_1560331104020314_8288809853021683580_n

Comments are closed.

Capture