Младите фудбалери на Беласица одиграа одличен натпревар во снежни услови

Натпреварот за третото место на „Софија куп“ младите фудбалери на Беласица го одиграа под снежни услови. Но, сепак овие дечиња одиграа одличен натпревар, креираа големи шанси за гол, но реазлизацијата недостасуваше.

Mladite fudbaleri na Belasica na Sofija Kup

На моменти во текот на натпреварот беа подобри од противникот, но сепак за жал, на крајот беа поразени со резултат од 2:0 од екпата на ФК Хебер од Пазарджик.

Од клубот истакнуваат дека се задоволни од прикажата игра и постигнатите резултати на нивните две генерации со кои учествуваше Беласица на турнирот.

 

Comments are closed.

Capture