Екипите на „Комуналец“ вршат континуирано чистење на снегот

По снежните врнежи кои ја зафатија општина Струмица, екипите на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ се на терен и вршат континуирано чистење на улиците и тротоарите.28167409_1560239790696112_1459232345549616748_n28167409_1560239790696112_1459232345549616748_n Од синоќа од 23 часот се врши и машински и рачно чистење и се фрла сол и ризла. Според Бранко Горѓиев, раководител на единицата „Чистота“ досега се фрлени 4,5 тони сол и 1,5 тони ризла. Освен во централното градско подрачје, се работи и во периферните делови на градот, посебно во горниот дел на градот. Проблем во чистењето на улиците се лошо паркираните возила. Токму поради ова, од „Комуналец“ апелираат до сопствениците на возилата да го препаркираат своите возила за да можат возилата на „Комуналец“ да влезат во улиците и да го исчистат снегот. Освен во градот се чисти и во населените места. 28379173_1560239727362785_5708892756396657840_n
Според информациите од одделението за образование и покрај интензивните снежни врнежи наставата се одвива без проблеми во сите училишта, освен што учениците од населените места Рич, Попчево и Раборци, утрово не успеале да стигнат на настава во основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица.28467913_1560239737362784_5607246039992464_n

Comments are closed.

Capture