Римска терма – Банско

На околу 12 км оддалеченост источно од Струмица, во подножјето на планината Беласица, се наоѓа доцноримско термоминерално лекувалиште познато како Римска терма.

Термата e откриенa во 1978 год. при копањето на темелите на хотелот “Цар Самуил.
Објектот ги користил лековитите води на изворот ,,Парило”, кој се наоѓа на 50 метри југозападно од него, чиј капацитет е 42 литри во секунда, а температурата е 72°Ц. Во бањата досега се откриени 11 простории со вкупна корисна површина од 623 м². Ѕидовите се зачувани во височина од 2 метра до 6,70 метри.

02
Зачуваноста е најголема во просториите што служиле како сауна и базенот со ладна вода – фригидариум. Во сите простории се зачувани подовите, кои се градени од тула и малтер и почетните партии од сводните конструкции. Зачуван е и комплетниот систем на подното и ѕидното затоплување, а се зачувани и доводните и одводните канали. Со последните ископувања се пронајдени нови објекти во кои се откриени полихромни подни мозаици од средината на IV век.
Римска терма е подигната во III и IV век.

01

19

08

10

Comments are closed.

POP