Беласица против Победа од Валандово го стартува пролетниот дел

Фудбалерите на Беласица пролетниот дел од натпреварот ќе го започнат со гостинки натпревар во Валандово против Победа.

Беласица одигра доста пријателски, контролни натпревари во подготвителниот период, каде прикажа одлични резултатил, со што се потврдува сериозноста и одличниот правец по кој се движи Беласица, а тоа е патот кон Првата македонска фудбалска лига.

ФОТО: ФК Беласица

ФОТО: ФК Беласица

Струмичкиот клуб пролетниот дел ќе го започне од првото место со 30 бодови, против Победа од Валандово на гостински терен, каде Беласица е фаворит за победа.

Натпреварот се игра на 3 март.

Comments are closed.