Академија Пандев загуби од лидерот на табелата Шкендија

Екипата на Академија Пандев денес на гостувањето во Тетово го претрпе својот деветти сезонски пораз од лидерот на табелата Шкендија, со минимални 1:0.

Домашните во 21. минути останаа со играч помалку на теренот откако Фазлагиќ заработи црвен картон. Иако без играч помалку, Академија Пандев не го искористи тој момент, и првиот дел заврши без погодоци, 0:0.

Во вториот дел од натпреварот, поточно во 53. минута играчот на Академија Пандев, Чешмеџиев, заработи црвен картон, со што и двете екипи беа со играч помалку.

Архива

Архива

Одбраната на гостите во 79. минута попушти, а Хасани ја затресе мрежата на струмичани за 1:0.

Академија Пандев со овој пораз се сели на шеттата позиција со 26 бодови, додека Шкендија останува на осамена на врвот од табелата со 53 бодови.

Во следното коло Академија Пандев на домашен терен ќе игра дерби натпревар против екипата на Ренова, која е на седмата позиција со 21 бод. Овој натпревар ќе биде значаен за Академците, и можност за конечна победа и нови три бодови, со кој би можеле да се искачат на некое од погорните места на табелата.

Шкендија е домаќин на Победа од Прилеп, каде домаќините во овој натпревар се апсолутни фаворити за победа.

Comments are closed.

Capture