Убедлива победа на Беласица над Тетекс

Екипата на Беласица оствари убедлива победа во контролниот дуел со второлигашот Тетекс од Тетово, со резултат од 4:0.

ФОТО: ФК Беласица

ФОТО: ФК Беласица

Беласица во текот на сите 90 минути беше доминантна на секое поле од теренот. Стрелци на головите за Беласица беа: Благој Истатов, Горан Здравков, Мартин Мирчевски и еден автогол кој си го постигнаа тетовчани.

Натпреварот се одигра во СЦ Истатов во Нов Дојран.

Comments are closed.

Capture