Ќе се уредуваат полските патишта во атарите на населените места

Барањето на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, за уредување на полските патишта во атарите на населените места е прифатено од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Јаневски бараше владина поддршка затоа што полските патишта не се во ингеренции на Општината, а се сериозен проблем за жителите од населените места, особено за оние кои се занимаваат со земјоделска дејност. Проблемот беше посочен од страна на жителите на селото Сачево на средбата со градоначалникот Јаневски кој минатата недела беше да види како се одвива чистењето на одводните канали. Месното население му се заблагодари за чистењето на каналите, но го посочи проблемот со полските патишта. Градоначалникот Јаневски им вети дека ќе побара владина поддршка и тоа го направи.28378299_1557396037647154_7299091493349897852_n Пред два дена со минстерот Николовски беа во Сачево и потврдија дека ќе се работи на полските патишта. За оваа намена, Владата на Република Македонија има планирани 30 милиони денари, од кои добар дел ќе се инвестираат за патиштата во општина Струмица. Ова уште еднаш потврдува дека проблемите на граѓаните секогаш ќе бидат приоритет за градоначалникот Јаневски и општина Струмица.28166258_1557396050980486_8444209695674357706_n

Comments are closed.

POP