Пријава за поранешниот градоначалник на Василево поради незаконско вработување

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Василево, поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Според дневниот билтен на МВР, 51-годишниот В.С. од село Едрениково, како градоначалник на општина Василево, на 25 јуни 2010 година изготвил решение за вработување на Г.Ц. на работно место референт во администрацијата на општината Василево. Но,притоа не бил извршен увид во доставената документација на кандидатот и покрај тоа што знаел дека е без соодветно образование, соопшти МВР.opsvasilevo-88478

Comments are closed.

Capture