Жител на Баница заработи кривична пријава за кривично дело „тешка телесна повреда’’

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против С.М. (25) од с. Баница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда’’. На  20.02.2018 година околу 08.00 часот пред домот на Ж.М. во село Баница, по вербална расправија, С.М. и неговиот брат М.М. физички го нападнале Ж.М. и родителите на неговата сопруга, Н.Д и С.Д.. Притоа, С.М. со камен му нанел тешки телесни повреди на Н.Д. во пределот на главата, по што повредениот бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица.wpid-полиција-41-.jpg

Comments are closed.