Село Сушица – рурален рај кому времето не му може ништо

На источниот дел од раскошната и плодородна Струмичка котлина, се наоѓа село Сушица. Самото име на селото кажува дека водата за пиење и поширока употреба отсекогаш претставувала проблем за неговите жители.

59828111

(фотографија на Роберт Јованов)

Според народното предание, името Сушица значи „суво место, место без вода”. Во оваа село, водата порано била скапоцена и света за селаните. Затоа и малкуводната огражденска река која минува низ оваа село, била наречена „Пресветица”. Сега ја викаат Сушичка или Селска Река. Таа го дели селото на два дела, а вода има до јуни, бидејќи во летните месеци реката пресушува. Меѓутоа, со изградба на хидромелиоративните системи и каналската мрежа, селото се препороди.

280px-Sušica_centar

Со потпаѓањето на Македонија под власта на Османлиите, во селото Сушица било населено муслиманско население. Староседелците, месното македонско население, не можејќи да ги издржи притисокот од турците, се иселило од селото. Во текот на долгогодишното владеење на Османлиите, бил пренесен и тутунот на оваа подрачје. Турската власт го помагаше развтокот на сточарството во Сушица и ги стимулираше сточарите да одгледуваат повеќе добиток кој потоа го користеа за воени цели.

Народното предание вели дека селото имало и бегов конак и џамија. Џамијата и сега постои, одолевајќи на забот на времето. Село Сушица е познато и по двате археолошки локалитета, населби од доцноантичко време – „Искрово Грнчар” (подземна гробница) и „Козарнк”. Кога и патот да ве води натаму, посетете го овој рурален рај и уверете се дека ниту времето не му може ништо на село Сушица.

69238870

250px-Sušica_KU_(3)

Comments are closed.

POP