Моја, твоја, наша Струмица – за Тримери

Адетите и обичаите на Струмица воодушевуваат секоја година, традиционално. Еден ваков обичај, кој восхитува поради својата уникатна природа, е празникот Тримери. Овој адет е несекојдневен и типичен само за Струмица.

zaev-za-skopje-088_1581_1050

Тримерските денови се нижат како три бисери на ѓерданот од години и векови во Струмица – уште од почетокот на Христијанството. Годишно го менуваат датумот зависно од Велигден и го означуваат почетокот на големиот Велигденски пост. Тримери – tris meres – три дена: секогаш паѓаат на понеделник, вторник и среда, во првата недела од Велигденскиот пост. Најстаро и најстрого постење, кога ниту се јаде, ниту се пие, а на оние кои не постат им е забрането да говорат за јадење и пиење пред оние кои постат.

На овој празник на армасаните, полно жени се собираат во домот на верената мома и тримеруваат. Тие што ќе го издржат постот одат во среда наутро во црква за да се причестат со нафора и света вода. Потоа се враќаат дома кај армасницата, од чија кујна се шири преслатка арома на традиционални јадења – и солени и благи – ама да нагласиме, мора сѐ да е посно. На трпезата има: бело гравче, сарма од кисела зелка со ореви, варена пченка со ореви, погачи (чуреци), благ ориз (зерде), алва, локум, леблебија, суво грозје, овошје, компот од црни сливи, наутлија погача, боза…

trimeri-proslava-001_1581x1050 (1)

Ручекот кулминира со доаѓањето на идната свекрва кај идната невеста. И таа носи свои тримерџики, а носи и подароци за младата, т.н. синии. Вереницата ги послужува гостинките со слатко и сите заедно продолжуваат да се веселат. Расположението е на ниво и нели се собрале само девојки и жени па се водат непристојни разговори, а се пеат и еротски песни за да ја запознаат девојката пред мажење со идниот брачен живот.

Тримерскиот церемонијал, за жал, изгубил од својата оригинална форма, меѓутоа, тој сѐ уште се одржува во Струмица. Доста интересен ФОЛКЛОРЕН струмички обичај, кој вреди да се негува, дури и во пресрет на овие модерни времиња.Плоштад_Гоце_Делчев_Струмица_(2)

Comments are closed.

Capture