Карневалџиите му го вратија клучот од градот на градоначалникот Јаневски

Од името на карневалџиите, претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, денеска, му го врати клучот од градот на градоначалникот Коста Јаневски, кај кои беше од започнувањето на карневалските празнувања. Со враќањето на клучот завршува годинашното издание на Струмичкиот карневал 2018.27973484_1555393551180736_5184711098812765771_n
Градоначалникот и Организациониот одбор изразија заедничко задоволство од реализацијата на годинашните карневалски празнувања, што им дава поттик до година да вложат уште повеќе во новото карневалско издание.

Инаку, во фоајето на центарот за култура „Антон Панов“, а во чест на денешниот празник Тримери, беа одбележани тримерските обичаи со традиционалната тримерска трпеза и со песните на „Распеани струмичани“.

Со градоначалникот Јаневски беше и неговиот денешен гостин, министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски.

Ансамблот „Тримери“, со концертот кој го одржи во домот на АРМ со почеток во 19 часот и официјално се затвори Струмичкиот карневал 2018.27973748_1555393711180720_649470853305691481_n 28059510_1555393621180729_3986874999099213015_n 28166452_1555393534514071_6284405563799555989_n

Comments are closed.

Capture