Јаневски: Општина Струмица има позитивни искуства во искористувањето средства од европските фондови

Од Струмица денеска започна информативната кампања за Вториот повик за поднесување на проектни предлози на Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020 за потенцијалните кандидати на територијата на Република Македонија. Во хотелот „Вила парк“, а во организација на Министерството за локална самоуправа и Заедничкиот секретаријат на Програмата се одржа првиот информативен ден. Кампањата ја отвори министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, а присутните ги поздрави и градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.27973218_1554340987952659_9205995585212617505_n

-Ми претставува особена чест и задоволство да ве поздравам и да ви посакам срдечно добредојде на овој Информативен настан во Струмица со кој и официјално се отвора информативната кампања во Република Македонија за Вториот повик за поднесување на проектни предлози во рамките на Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија 2014-2020. Општата цел на Програмата е да се зајакне прекуграничната соработка меѓу луѓето и институциите во регионот. Во овој контекст сакам да потенцирам дека општина Струмица има позитивни искуства во искористувањето средства од европските фондови, како што беше ИПА 1 Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија 2007-2013 преку која има реализирано неколку проекти. Секако, ќе продолжиме со активно учество и во овој повик. Затоа, овој Информативен настан е од посебна важност за сите потенцијални апликанти и учесници во Програмата бидејќи истите ќе имаат можност детално да се информираат за начинот на поднесување на проектните предлози, процесот на развој на проектните идеи и предлози, начинот на пополнување на документи за аплицирање, потребните придружни документи за аплицирање и слично. На самиот крај, дозволете да Ви посакам пријатен престој во Струмица, успешна работа и остварување на очекуваните резултати, рече Јаневски.28277226_1554340994619325_4962448503379440900_n 28377999_1554340991285992_3280367246845453134_n

Comments are closed.

Capture