Доделени наградите на авторите на најдобрите карикатури и афоризми на тема „Карневал“

Во рамките на карневалските празнувања, синоќа, во центарот за култура „Антон Панов“ беа доделени наградите на авторите на најдобрите карикатури и афоризми по распишаниот конкурс на тема „Карневал“. Пред присутните, меѓу кои и градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, беа прочитани дел од афоризмите, а беше отворена и изложбата на карикатури.
Годинашната карневалска програма продолжува вечерва во 19,30 часот во центарот за култура „Антон Панов“ со доделувањето на наградите од интернационалната карневалска вечер и тримерската карневалска забава.27972454_1554187197968038_5097900285532392566_n 28055816_1554187104634714_6880730825963501776_n

Comments are closed.

Capture