Градоначалникот Јаневски и општина Струмица не го оправдуваат користењето животни во карневалски цели

Врз основа на реакцијата на здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ во која меѓу другите се повикани и градоначалникот и Општина Струмица, а во врска со наводната злоупотреба на жив штрк во маска на големиот Струмички карневал, отворено се оградуваме од  каква било вмешаност и вина во конкретниот случај.

       општина Струмица opstina-strumica-9     Градоначалникот Коста Јаневски и Советот на општина Струмица беа само генерални покровители на Струмичкиот карневал и не го оправдуваат користењето животни во карневалски цели.

Искрено се надеваме дека овој изолиран случај не ја намали вредноста на овогодинашниот карневал, кој и во квалитет и во квантитет беше еден од најуспешните во своето долгогодишно постоење.

Comments are closed.

Capture