Струмица го потврди квалитетот на карневал – Се одржа струмичкиот Карневал

Струмица и синоќа го потврди своето место во листата на 20-те најдобри улични карневали во светот. Прекрасни маски на домашните и странските карневалски групи продефилираа по улиците и градскиот плоштад, а над педесет илајди посетители уживаа во карневалскот дефиле. Во свечената ложа покрај домаќинот, градоначалникот Коста Јаневски беше претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претседателот и членови на Интернационалниот борд на директори на Федерацијата на европски карневалски градови, амбасадори, министри во Владата на Република Македонија, гости од Аруба, Германија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Албанија, почитувачи и поддржувачи на струмичката вековна традиција. Карневалските празнувања продолжуваат утре со детскиот карневал.DSC_6798 DSC_6843 DSC_6859 DSC_6896 DSC_6918 DSC_6978 DSC_6983 DSC_7057 DSC_7076 DSC_7251 DSC_7267 DSC_7334 DSC_7345 DSC_7359 DSC_7391 DSC_7408 DSC_7419 DSC_7427 DSC_7118 DSC_7142 DSC_7176 DSC_7185 DSC_7194 DSC_7201 DSC_7229

Comments are closed.