И најмладите струмичани ги презентираа своите маски

Со детскиот карневал, кој се одржува традиционално на Прочка, денеска продолжија карневалските празнувања во Струмица. И најмладите струмичани, со помош на повозрасните ги презентираа своите маски меѓу кои доминираа ликовите од од омилените детски јунаци, но и други креации создадени со многу љубов и труд.
Карневалските празнувања продолжуваат утре со објавување на резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер, со традиционалното варење на бел грав на плоштадот, а утревечер ќе биде отворена изложбата на карикатури и ќе бидат доделени наградите од наградниот конкурс за афоризми и карикатури на тема „Карневал“.DSC_7258 DSC_7287 DSC_7295 DSC_7298 DSC_7364 DSC_7394 DSC_7412 DSC_7420 DSC_7423 DSC_7430 DSC_7434 DSC_7438 DSC_7439 DSC_7442 DSC_7448 DSC_7458 DSC_7464 DSC_7465 DSC_7473 DSC_7474 DSC_7475 DSC_7476 DSC_7477 DSC_7489 DSC_7493 DSC_7503

Comments are closed.

POP