Академија Пандев со реми против Скопје

Екипата на Академија Пандев денес ремизираше против Скопје играјќи 0:0.

Фудбалерите на Академијата не успеа да ја победат екипата на Скопје и да ја оправдат фаворитската улога.

Шкендија - Академија Пандев - Тетово - 27.08.2017

Но, иако ремизираше, Академијата се искачи на четвртото место на табелата, откако Шкупи денес на домашен терен беше декласиран од лидерот на табелата Шкендија, па поради послабата гол разлика, Академијата се искачи на четвтото место, додека Шкупи „падна“ на петтото место со ист број на бодови, по 26.

Во следното коло Академија Пандев има тешко гостување, токму кај лидерот на табелата Шкендија, каде домаќините се големи фаворити за победа, додека Скопје е домаќин на осмопласираната Ренова.

Comments are closed.

Capture