Академија Пандев против ФК Скопје

Екипата на Академија Пандев денес со почеток од 14:00 часот на домашен терен ќе ја пречека екипата на Скопје, во натпревар од 19. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академците во овој натпревар влегуваат како фаворити, пред се поради тоа што играат на домашен терен и пред своја публика, но и поради далеку подобрата форма во однос на Скопје.

ФОТО: Академија Пандев

ФОТО: Академија Пандев

Гостите се последнопласирани со 10 бода на табелата и имаат натпревар помалку, додека Пандевци се пласирани на петтото место со 25 бода.

Овие две екипи имаат одиграно вкупно 5 официјална натпревари. Во нивните меѓусебни дуели, Скопје има една победа, Академија Пандев има две победи, додека два натпревари завршиле нерешено.

 

Comments are closed.

POP