Трите најголеми проблеми на струмичани за Карневалот

Ќе ви кажам едно – кој вика оти Карневало не е озбилна работа, сигурно не е струмичанец. Оти да се биде струмичанец за време на Карневало е една ного голема обврска и тука се јавуват типични проблеми.

Шо проблеми се тии питате? Е,  ај кажејте ми на пример, как ќе најдате место за дваесеттина роднини шо ќе ви доот на гости?

DSC_0025_1575x1050

Стварно е интересна таа работа – сите сакат да ти дојдат на гости баш коо е Карневало. Кај мене се збират претставници од цела Македонија. И ај за едните ќе најдаш место, нек спиит у спалната, други у дневната, трети на вторио спрат… Еми ак е така работта,  ти дек ќе спииш?!

И мајни друго па шо ќе се доберат сто души, па и со них носат оште толко маски, перики, шминки и кој знаа ли шо друго. И после чеки ги два саата да се спремат, па два саата додека се сликат и шо ќе вииш – Карневало завршил!

DSC_0027_1575x1050

Втор проблем шо може да се јаве за време на карневало е да не ти текнува у шо да се маскираш. Е саа јас се извинувам на секој шо го има тај проблем, ама морам да кажам оти таа работа е стварно за срам. Немате ли некоо перика дома од лани? Шо ќе збира прашина по дома, поарно и таа година носи га. Добиваш поени за креативност ак си купаш и пластична маска од пазаро, шо одговара на периката оти ќе ти се најде и за догодина.

DSC_0261_1575x1050

Трет проблем – одаш на Карневало, ама има ного гужва и не можаш ништо да видаш. Е тава е веќе проблем, признавам, а и не се решава толко лесно. За таа работа ти треба години и години вежбане и добро развиина стратегија за наоѓање добро место. Прва стратегија е да имаш добри пријатели шо живеет у зграда шо има тераса од дек шо се глее Карневало. Втора стратегија е да излезаш ного рано и да си фатиш место, само шо нема да смееш да мрднаш од там 3-4 саати. Трета стратегија, користена од најного човеци, е да те бива у бутане со лактови. Е таа стратегија покажува големи резултати, ама е и ного ризична. Можаш да изедаш и по некој шамар.

DSC_0455_700x1050

Ја, глеете ли шо се може да се случе на Карневало? А после пак ми расправат оти Карневало не бил голема работа. Епа кој мисле така,  ич да не иде. А за сите други – се глееме на Карневало!

Наградениот текст „Карневалски проблеми”од конкурсот „Ние зад маските’’ за 2013 година.

 

Comments are closed.

Capture