Јаневски:Карневалџиите знаат најдобро како се рушат бариерите и како се бришат границите меѓу земјите и народите

Традиционално и оваа година, пред почетокот на маскенбалот, се одржа карневалско дружење на гостите од странство со претставниците на карневалските групи од Струмица. Срдечно добредојде, од негово лично име и од името на граѓаните на Струмица им посака градоначалникот Коста Јаневски и им порача да се чуствуваат како дома и да поминат убави и незаборавни мигови во овие карневалски денови.

-Ви посакувам убаво да се забавувате на оваа вечерашна забава, која е специјално организирана за Вас, а утре како претставници на Вашите земји и градови, да блеснете во полн сјај на големиот Струмички карневал. Истовремено ја користам можноста да ви се заблагодарам на пријателската соработка што ја имате со Струмица и за тоа што ќе го збогатите нашиот карневал. Карневалџиите знаат најдобро, како се рушат бариерите и како се бришат границите меѓу земјите и народите. Убеден сум дека Вие тоа и овој пат ќе го докажете. Забавувајте се и танцувајте во универзалниот ритам на карневалот и станете побогати за нови пријателства, рече Јаневски.l ll lll llll

Comments are closed.

POP