Струмичкиот карневал – едно од најбитните обележја на Струмица

Секоја година на почетокот од Велигденскиот пост на струмичките улици може да се видат маскирани струмичани, но и посетители од странство кои посебно за Струмичкиот Карневал доаѓаат во градот под Царевите кули. Оваа традиционална манифестација на кој се соединуваат оригиналните и креативните маски, добрата забава и дружењето е сигурно еден од најбитните обележја кои ја прават Струмица препознатлива во Македонија, но и надвор од границите на земјава.Zaev, Karneval4
Струмичкиот карневал се одржува на почетокот од Велигденскиот пост, односно првите три дена се наречени тримерски денови и тие секогаш започнуваат од недела вечерта на Прочка и траат до среда , а во нивни рамки односно во вторникот вечерта се одржуваше традиционалната карневалска вечер. Од пред неколку години, на барање на граѓаните, денот на обележувањето на карневалската вечер е преместен во сабота со цел гостите од Македонија и странство да можат да присуствуваат на овој значаен настан. Наредниот ден е карневалскиот ден за дружење помеѓу најмалите на кој дечињата од основните училишта и градинки продефилируваат по градскиот плоштад покажувајќи ги своите маски.Zaev, Karneval2

Оваа традиционална манифестација е доста важен момент за секој струмичанец, затоа и за таа ноќ се спрема со месеци. Традиционалните карневалски групи секоја година вложуваат огромен труд, фантазија, спремат кореографии, се со цел да бидат автентични и да остават посебен белег во секој изминат карневал.
Во чест на оваа долгогодишна традиција во 2010 година карневалот доби и свој симбол на плоштадот Гоце Делчев на кој е подигнат споменик ,,Струмичанка под маска’’. Оваа бронзена фигура во природна величина во едната рака држи карневалска маска, а во другата знаме со релјеф на грбот на Струмица.
Останува да видиме кој ќе биде најкреативен во оваа година.izlozba-karneval-035_1204_800

Comments are closed.

Capture