Музичкото училиште „Боро Џони“ одржа уште еден концерт за паметење

Синоќа во големата сала во центарот за култура „Антон Панов“, се одржа традиционалниот концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“. Струмичани кои ја наполнија салата уживаа во прекрасните изведби на учениците. На концертот присуствуваа градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски како и членовите на Советот на Општина Струмица.DSC_5843

Пред концертот беше отворена изложбата на фотографии од минатогодишното издание на струмичкиот карневал.
Карневалските свечености продолжуваат вечерва со карневалското дружење на гостите од странство со претставниците на карневалските групи од Струмица, а свеченото отворање на овогодинешното издание на карневалот ќе се одржи во хотелот „Сириус“ со традиционалниот маскенбал кој ќе започне во 21 часот, а на кој ќе бидат избрани принцот и принцезата кои ќе ја предводат главната интернационална карневалска поворка в сабота која ќе стартува во 18,30 часот.

DSC_5841 DSC_5858 DSC_5895 DSC_5901 DSC_5902 DSC_5922 DSC_5923 DSC_5925 DSC_5931 DSC_5937 DSC_5951 DSC_5953

Comments are closed.