Градоначалникот Jаневски ја отвори изложбата „Карневалски слики 2017“

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, синоќа, во центарот за култура „Антон Панов“ ја отвори изложбата на карневалска фотографија „Карневалски слики 2017“. Изложбата по девети пат ја организираше Здружението на граѓани „Евро-визија“ во рамките на карневалските празнувања во Струмица. Фотографиите на фоторепортерот на „Слободен Печат“ Борче Поповски и на младиот струмички фотограф Коки Ќосев од ланскиот Струмички карневал беа прогласени за најдобри. Честитајќи им на наградените, градоначалникот Јаневски порача што почесто да се случуваат вакви и други настани од областа на културата. На изложбата присуствуваше и претседателот на Европската федерација на карневалските градови Фердинанд Ван дер Крон и претставници на национални карневалски организации.

 27971695_1550009941719097_7972022398629639647_n 27972662_1550010031719088_8009221134759073598_n 27973516_1550009931719098_1244785092882409637_n 28056407_1550009938385764_5493050252462127490_n

Comments are closed.