Општина Струмица ќе му помогне на семејството Доневи од Дражево

Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски одржа состанок со градоначалникот на општина Ново Село Боро Стојчев и со претставници на здружението на граѓани „Љубезност“. На состанокот се разговараше за четиричленото семејство Доневи од селото Дражево во општина Ново Село кои живеат во исклучително тешки услови. Потврдувајќи ја желбата за помош, ги разгледуваа сите можности за да му се помогне на семејството, особено, решавањето на станбеното прашање кое е и најголем проблем за Доневи. Се донесоа и конкретни заклучоци по кои ќе се постапи во наредниот период.27857837_1546150105438414_3094429772697874391_n 27858648_1546150122105079_3974726559152783134_n

Comments are closed.