КК Струмица со нов пораз, овој пат од Фени

Екипата на Струмица го запиша својот 14 сезонски пораз, овој пат од екипата на Фени Индрустри во рамктие на 16. коло од кошаркарската Супер лига.

Натпреварот заврши со резултат од 58:71 за гостите од Кавадарци.

kosarka

По овој пораз, КК Струмица останува на последното место на табелата со 18 бода, исто колку што има и Шкупи од Скопје, кој е место погоре на табелата, додека Фени е седми на табелата и има 24 бода, исто колку што има и Охрид кој е место погоре на табелата.

Во следното коло КК Струмица гостува кај Кожув, екипа која е на осмото место на табелата со 22 бода, додека Фени е домакин на Куманово.

Лидер на таблеата е Работнички со 32 бода, а второпласирана е Блокотехна со 30 бодови.

Comments are closed.

POP