Градоначалникот Јаневски им го предаде клучот на градот на карневалџиите

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, симболично им го предаде клучот на градот на струмичките карневалџии кои во наредните осум дена ќе ја водат Струмица, со тоа и официјално започнаа годинашните карневалски свечености. На пригодната свеченост која што по тој повод се одржа пред центарот за култура „Антон Панов“, Јаневски рече дека воведувањето на овој мал новитет има големо значење во историјата на струмичкиот карневал.

27866981_1547974931922598_1850793689552689959_n-Чест, гордост и задоволство е да се биде струмичанец. Некој дури би рекол дека е тоа и вистинска привилегија. Таквото чувство на одважност, особено добива на значење во деновите на одржување на карневалските свечености во нашиот град. Тоа е така поради фактот дека струмичани се исклучително горди на своето културно наследство и на традиционалните вредности добиени во аманет од своите предци. А има ли поубава и поавтентична традиција од нашиот Струмичкиот карневал. Од памтивек до денешни дни, генерации и генерации струмичани ги негувале и унапредувале игрите под маски, и на тој начин, ем се забавувале, уживајќи во можноста барем еднаш во годината да се престорат во тоа што не се, ем опстојувале во намерара да бидат верни на вековната традиција. И ете така, година по година, стасавме до овогодинешното издание на карневалските свечености, кои и овој пат ќе кулминираат со големиот Струмички карневал. Се радувам, најпрвин како човек и струмичанец, а потоа и како градоначалник и покровител на Струмичкиот карневал, што за прв пат во неговата историја воведуваме еден мал новитет, но со големо значење. Со надеж дека ќе имаме уште едно успешно издание на карневалските свечености, и со уверување дека Струмица повторно ќе ги отвори своите порти за добредојде на гостите од Македонија, Балканот, Европа и светот, со задоволство сакам да го предадам клучот на градот на струмичките карневалџии, кои во наредните осум дена ќе ја водат Струмица во насоката која сите ја посакуваме. Тие тоа го заслужуваат. Тоа го заслужува Струмичкиот карневал. Нека биде карневал. Нека се случи струмичко чудо. Нека Струмица биде повторно центар на светот. Ги прогласувам овогодишните карневалски свечености за отворени, рече градоначалникот Јаневски.27752056_1547975075255917_1161214634199782272_n

Од името на карневалџиите, клучот го прими Александар Цицимов, претседател на организациониот одбор на карневалот, кој пак на градоначалникот Јаневски му подари капа од Федерацијата на европските карневалски градови.

-Во името на сите карневалџии се обврзуваме дека ќе направиме се, Струмица да го зачува своето реноме кое што тешко го стекна и дека ќе понудиме уште едно извонредно изданиена струмичкиот карневал, рече Цицимов, заблагодарувајќи се за предадениот клуч од градоначалникот Јаневски.27857750_1547975451922546_3091250400174409963_n 27858442_1547974941922597_4764293994105817381_n 27866950_1547974935255931_1226403061887454930_n 27867970_1547975448589213_7651185615513039916_n 27971903_1547975065255918_4673731263526372277_n 27972052_1547975425255882_2573203523826009191_n 27973186_1547975545255870_8014998483818292637_n 27973648_1547975068589251_2771407721610441400_n

Comments are closed.

POP