Академија Пандев декласирана од Шкупи

Екипата на Академија Пандев денес во натпревар од 19. коло од Првата македонска фудбалска лига, загуби убедлив од Шкупи со резултат од 5:2.

Академија Пандев пролетниот дел го започна со пораз, за нив оваа е четври пораз во низа, додека Шкупи врза две победи во низа.

Илијоски е играчот на натпреварот, кој го реши тимот на Академија Пандев со три постигнати голови. Шкупи во водство дојде уште во седмата минута од натпреварот, токму со голот на Илијоски. Десет минути подоцна Илијоски ја затресе мрежата на Академијата, за по пет минути повторно да ја затресе за 3:0, а воедно и хет-трик за него.

Архива ФОТО: Шкендија - Академија Пандев

Архива ФОТО: Шкендија – Академија Пандев

Стоилов во 31 минута беше прецизен за конечни 3:1 на полувреме.

Во вториот дел, голеадата ја продолжи Јашароски за 4:1. Грифони во 71. минута од натпреварот намали на 4:2.

во 79. минута Стојковски беше прецизен и ги постави конечните 5:2 за домаќините.

На четвртата позиција се случи пресврт со што сега Шкупи е четврти со 26 бода, додека Академија Пандев со 25 бода се сели на петтото место на табелата.

Во следното коло Академија Пандев на домашен терен ќе игра против Скопје, каде е фаворит за победа, додека Шкупи е домаќин на првопласираната Шкендија, каде тетовци се фаворити за победа.

Лидер на табелата е Шкендија со 47 бодови, шампионот Вардар е втор со 39 бодови, а трет е Силекс со 31 бод, кој има натпревар помалку одиграно.

На последното место е Скопје со 10 бода и натпревар помалку, деветти е Пелистер со 17 бода, додека осма е Ренова со 19 бода.

Comments are closed.

POP