Академија Пандев гостува кај Шкупи

Академија Пандев со тешко гостување го започнува пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.

Голема фудбалска „битка“ ќе се води на стадионот во Чаир, во борбата за три бода кои се значајни и за двете екипи.

Овие две екипи меѓусебно имаат одиграно 4 официјални натпревар, два во рамките на фудбалскиот Куп и два во рамките на Првата лига.

Шкупи има две победи, на гостински терен минимална победа со 0:1 и една на домашен терен со убедливи 3:1, во рамките на купот, додека во Првата лига, нивните меѓусебни дуели се реми (1:1), и победа за Академија Пандев на домашен терен со резултат од 2:0.

ФОТО: Академија Пандев

ФОТО: Академија Пандев

Академија Пандев е четврта на табелата со 25 освоени бодови, додека Шкупи е шести со 23 бода. Победата и за двете екипи е важна, во борба за некој од погорните места на табелата, кој места водат кон излез во Европа.

Фудбалерите на Академијата имаат постигнато 24 погодоци, а исто толку имаат и примено, од друга страна, фудбалерите на Шкупи имаат постигнато 17 погодоци, а примено 20.

На последните 5 натпревар во Првата лига, Академија Пандев има една победа, едно реми, и три последователни порази, додека Шкупи има еден пораз, две последователни ремија и две победи.

Натпреварот се игра денес (14.02) со почеток од 14:00 часот.

Comments are closed.

POP