Беласица во контролен дуел против ФК Локомотива Скопје

Екипата на Беласица продолжува со контролни натпревари. Откако ремизираше во Бугарија (2:2) со екипата на Беласица од Петрич, следна екипа за контролен дуел е екипата на ФК Локомотива од Скопје.

ФОТО: ФК Беласица

ФОТО: ФК Беласица

Овој натпревар ќе се одигра на општинскиот терен со вештачка трева во 12:30 часот.

Како што информираат од клубот, подготовките пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, течат во најдобар ред.

Comments are closed.