Во среда започнува пролетниот дел од Првата фудбалска лига

Во среда, на 14 февруари, започнува пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.

Екипата на Академија Пандев, пролетниот дел ќе го започне со гостување во Чаир, кај Шкупи.

На стадионот во Чаир ќе се води голема фудбалска битка за освојување на три бода, кој се од големо значење за двете екипи.

FK Akademija Pandev - FK Vardar - 26.11.2017

Потсетување, лидер на табелата е Шкендија со вкупно 46 освоени бодови, додека шампионот Вардар е на второто место, а третопласирана е екипата на Силекс од Кратово со 31 бод.

На последното место е Скопје, кој ќе биде во многу тешка и деликатна состојба за да обезбеди опстанок во Првата лига, деветтопласиран е Пелистер со 16 бодови, а два бода повеќе има Ренова која е осма на табелата.

Comments are closed.

Capture