Беласица со 2 признанија и една плакета на манифестацијата „Спортист на годината 2017“

Фудбалскиот клуб Беласица, на манифестацијата „Спортист на годината 2017“ во општина Струмица, доби две признанија и една плакета.

Во изборот за најдобар тренер во младински категории на третото место беше избран Марјан Ташев, додека во изборот за најдобра екипа во општина Струмица, ФК Беласица котираше исто така на третата позиција.

ФОТО: ФК Беласица

ФОТО: ФК Беласица

Воедно градоначалникот и советот на општина Струмица доделија плакета по повод 95 годишен јубилеј.

Од клубот велат дека се горди на општината и поддршката која ја добиваат од градоначалникот Јаневски, и дека истата ќе ја оправдат со влез во Првата македонска фудбалска лига, и излев во Европа.

Comments are closed.