КК Струмица на домашен терен против Фени Индустри

Кошаркарите на КК Струмица во сабота со почеток од 18:00 часот на домашен терен ќе го одиграт натпреварот против екипата на Фени Индустри од Кавараци, во рамките на 16. коло од кошаркарската Супер лига.

kosarka

Екипата од Кавадарци во овој натпревар влегува како фаворит за нова победа, пред се поради тоа што игра во далеку подобра форма во однос на домаќините на овој натпревар.

Фени во моментот е седмопласирана екипа на табелата со 22 освоени бодови, исто колку што има и шестопласираниот Охрид. Од друга страна КК Струмица е последнопласирана со 17 бодови, исто колку што има Шкупи, кој е пласиран место погоре на табелата, поточно на 11-тото место.

Comments are closed.