Под покровителство на градоначалникот Јаневски и Советот на општина Струмица ќе се одржи „Избор на спортист на годината“

На ден 09.02.2018 година (петок) во ресторанот „Студио ИН“ со почеток во 20,30 часот ќе се одржи традиционалната спортска манифестација „Избор на спортист на годината“. На манифестацијата ќе бидат избрани најдобрите спортисти,спортски екипи и работници за 2017 година на општина Струмица. Покровители се градоначалникот Коста Јаневски и Советот на општина Струмица. Организаторите ги информираат претставниците на екипите кои сакаат да присуствуваат на оваа спортска манифестација да се пријават во ресторанот „Студио ИН“27658091_1541284145925010_7190735330937784419_n

Comments are closed.